(ВИДЕО) Димитров ги прими 12-те респиратори: ЕУ несомнено најголем наш донатор во корона-кризава

0
296

„Европската Унија како несомнено најголем наш донатор во кризава предизвикана од пандемијата, дава чувство на солидарност и сигурност дека заедно ќе излеземе од ова премрежје. Денес пристигна првата испорака од одобрените 4 милиони евра за итно потребна медицинска опрема“, вели министерот за надворешни работи, Никола Димитров.