Лице без да се легитимира ги избутка екипите, а потоа, откако екипите му објаснија дека не смее да ја крши камерата, тој дрско рече: „Ќе ја кршам бе, што“, а иако полицијата стоеше на само десетина метри од местото, одлучи да се повлече и да не интервенира.Откако екипите појаснија дека не е обележано дали земјиштето е државно или приватно, тој кажа дека нема никаква обврска да го обележи местото, иако законот за градење го обврзува да го стори тоа.
Лицето истакна дека тоа е приватно земјиште, иако тоа е државно дадено на фирма од Девствени острови која на тоа место треба да изгради зграда.Откако се обиде да ја бутне камерата на ТВ 21, лицето го турна и снимателот на А1он, а потоа излезе и ги фотографираше двете екипи кои стоеја пред МНР, односно спроти земјиштето кое беше причина да се блокира целиот сообраќај.
Никој не може да се повикува на приватен имот, ако токму од тој имот вчера цел сообраќај беше блокиран во градот, ако се заканува уривање на новиот објект на ФДУ, ако се исфрла фекална канализација на кејот на Вардар и ако сето тоа ги погодува интересита на сите жители од градот.
Преземено од А1 ОН