(ВИДЕО) Десничарски партии преговараат за формирање трет политички блок

0
512

Помалите партии се во фаза на разговори за настапување на изборите како трет блок политички партии, кои главно се десничарски ориентирани, пренесува 24 Вести.

Иако се уште не се потврдува, неофицијално се вели дека во разговори за заеднички настап на претстојните избори се, ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски,Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, Достоинство на Стојанче Ангелов, како и Коалицијата за промени и правда, во која членува ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО – Работничка партија и Демократскиот сојуз. Дека постојат средби и разговори на оваа тема и со други помали партии за нивно приклучување- потврди Павле Трајанов.

„Ќе биде еден силен политички блок, кој во основа ќе настојува да ги промени системските работи во Република Македонија за одговорноста да биде на прв степен“-изјави Павле Трајанов од Демократски сојуз

Иако имаат заеднички цели, Трајанов ја исклучува можноста за коалицирање со СДСМ.

„Актуелната власт треба да биде поразена на фер демократски кредибилни избори, тоа е таа определба и тука имаме заеденички точки со другите политички партии, вклучително со СДСМ, но наша определба е да настапиме заедно со политички партии со кои ја сочинуваме коалицијата за промени и правда“-додаде Трајанов

Формирањето на трет блок од десничарски опозициски партии ќе има големо влијание врз изборниот процес и резултатите, оценуваат политиколозите.

„Јас мислам дека ќе биде голем притисокот кон овие партии да се припојат кон една или друга голема партија. Сепак има некој праг на големина кој третите партии мора да го исполнат за да бидат сериозен играч. Ако бидат под тој праг ќе имаат проблем со резултатите“-вели Петар Арсовски, политиколог.

Ваквите тенденции, според Арсовски, покажуваат дека меѓу граѓаните расте незадоволството и опозиционерска наклонетост кон актуелната власт.

„Ќе видиме дали тоа ќе се прелее на 11-ти декември. Јас мислам дека тој ден нема да донесе конечна разрешница на политичката криза, но ќе не внесе во период на чистилиште, во период во кој ќе може да се расчистува кризата“- додава Арсовски

СДСМ веќе формираше таканаречен Демократски фронт со партиите кои во април ја потпишаа Платформата за демократска Македонија, со цел да привлечат и други партии и невладини организации во борба против актуелната власт. Формирањето на трет блок, според политиколозите, ќе значи широк фронт, кој од две страни ќе му се спротивстави на Груевски.


HRISTIJAN POMALI DESNICARSKI PARTII ZA IZBORITE… by 24vesti