(ВИДЕО) Дескоска: Како што ветивме, прв чекор што го правиме е укинување на екстерното тестирање!

0
651

Изјава,
Рената Дескоска, пратеничка на СДСМ во Собранието на Р.Македонија
Скопје, 31.05.2017

Како што ветивме ќе работиме во интерес на граѓаните. Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со којшто ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта за таа цел денеска е одблокирано Собранието. Видовте пред малку дека заврши конститутивната седница со избор на Комисија за избори и именувања беа утврдени, а денес ќе бидат и избрани комисиите којшто се надлежни за законите којшто се во областа на образованието. Затоа сакам да упатам порака до учениците и до нивните родители, дека оваа година екстерно тестирање нема да има. Ви благодарам.

Одговори на новинарски прашања

Медиуми: Бидејќи понеделник е денот кога е закажано екстерното, а петок е неработен ден, има ли шанси утре да се заврши се, затоа што работата може да се оптегне?

Дескоска: Ние ќе направиме се за законот да се донесе. Утре ќе работиме цел ден, сабота и недела имало обичај Собранието да работи, така што ќе бидат направени сите напори Законот да биде донесен. Доколку не биде донесен, во што јас не верувам, мислам дека веќе наоѓаме на разбирање во смисла што денеска видовме одблокирање на комисиите, формирање на комисии, има и резервни варијанти како да се реши проблемот. Но, јас апелирам до сите луѓе кои гласаат, сите пратеници во Собранието, да бидат конструктивни, бидејќи укинувањето на екстерното тестирање е во интерес на учениците. Видовме дека тоа е штетен проект кој не даде никави резултати и мислам дека е контрапродуктивно за било кој да опструира донесување на ваков закон во Собранието.

Медиуми: Околу тие резервни механизми, постои ли шанса министерот сам да го одобри Законот?

Дескоска: Верувам дека законот ќе биде донесен, дека нема да треба да ги употребуваме резервните варијанти, оставете, ако за тоа дојде потреба ќе зборуваме, но јас се надевам дека екстерното тестирање ќе биде укинато по законски пат, без да одиме со други подзаконски акти.

Медиуми: Дали ги договоривте сите собраниски комисии и кадровскиот состав?

Дескоска: За некои комисии кои се релевантни за законите кои ќе бидат на дневен ред утре направен е договорот за другите, консултациите се во тек така што мислам дека Собранието е на добар пат да изврши избор на сите комисии, но овие што се клучни се веќе договорени.