Во рамки на проектот „Мое гласачко право“, Цивил спроведе истражување преку фокус групи и онлајн прашалник, на кој одговориле 223 испитаници во периодот од 21 до 28 март 2015 година, пренесува А1он.
Дури 94,2 отсто од испитаниците одговориле дека локалните избори во 2013 година не биле фер и демократски, а 95, 5 отсто сметаат дека претседателските и вонредните парламентарни избори во 2014 година не биле фер и демократски. 64 отсто од испитаниците сметаат дека граѓаните во Македонија не го познаваат своето гласачко право.
Испитаниците оцениле дека Владата и општините имат 0 % придонес за запознавање на граѓаните со гласачкото право. Најмногу придонес 27,8 отсто имаат граѓанските организации на национално право, 17 отсто граѓанските организации на локално ниво, традиционалните медиуми како радиото, телевизијата и весниците се застапени со 26 отсто.
Според анкетата 58,7 отсто од граѓаните можат да препознаат изборни нерегуларности, манипуулации и притисоци. 76, 7 отсто од граѓаните во анкетата сметаат дека нема каде да се обратат за да го заштитат своето гласачко право, а најмногу од нив, 37 отсто своето право би го барале кај ДИК и невладините организации во РМ 30,9 отсто. Дури 96, 9 отсто од анкетираните одговориле дека во Македонија не се почитуваат човековите права.
Повеќе ТУКА