(Видео) Грујо е нелигитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, мандатот му е истечен на 6 март!

0
756

Screenshot_2

Поранешен истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Сојузот на студенти на УКИМ, Самоил Малчевски тврди дека Никола Груевски веќе не е легитимен претседател на ВМРО ДПМНЕ бидејќи неговиот мандат истекол пред една недела.

– Никола Груевски не е лигитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Мандатот му е истечен на 6 март – изјави Самоил Малчевски во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија.

Малчевски се повика на членот 20 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ каде што се определува мандатот на претседателот.

– Статутарно  Конгресот на кој му беше дадена довербата беше на 5 и 6 март 2011 година. Петти и шести март истекоа пред една недела. Значи статутарно член 20 од Статутот на ВМРО ДПМНЕ во ставот два стои дека мандатот на претседателот е четири години. Ако вие мандатот сте го добиле на петти март 2011 година тогаш ви истекува на петти март 2015 година. Ние веќе една недела имаме раководство на ВМРО ДПМНЕ кое што е вон статутот на самата политичка партија – рече Малчевски.

Последниот  14-тиот Конгрес на ВМРО ДПМНЕ се одржа на  5 и 6 март 2011 година, а Груевски беше реизбран за претседател на вториот ден, односно на 6 март. Следниот Конгрес на ВМРО ДПМНЕ, според неофицијални информации, треба да се одржи во  мај во Куманово.

Изјавата на Малчевски може да ја слушнете на 40 минута од емисијата  „Патот кон“

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=98HURIHWMxs[/youtube]