(ВИДЕО) ГРУЕВЦИ ОСТАВИЈА ПУСТОШ ПОЗАДИ СЕБЕ – ЕВН ПОЧНА ДА ГАСИ СТРУЈА ПО ДРЖАВНИ ОБЈЕКТИ ПОРАДИ ДОЛГОВИ : Студентите во Гоце Делчев останаа без струја, министерката Десковска веднаш излезе на терен и го реши проблемот!

0
1890

Студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев” можеа да ги почувствуваат последиците од недомаќинското работење на ВМРО ДПМНЕ во претходната власт, изјави министерката за образование и наука, Рената Тренеса Дескоска.

Деновиве студентите кои престојуваат во овој дом алармираа дека немаат струја поради неплатени сметки.

„Долговите што беа оставени во сите сфери, останаа и во доменот на образованието. За жал голем дел од средствата што требаа да бидат обезбедени за образованието, биле истрошени за непродуктивни трошоци, што практично направија големи обврски, заостанати долгови на студентските домови, на училиштата. Притоа се загрозува детскиот стандард, училишниот стандард и начинот на редовно одвивање на наставата во училишта. Screenshot_15

За жал, на претходната власт, на ВМРО ДПМНЕ, приоритет им беше градење на споменици, наместо инвестирање во студентски стандард и она што значи подобар живот на студентите.  Имаме денеска една немила сцена во студентскиот дом „Гоце Делчев“, кога заради големи долгови струјата беше исклучена. Но, по интревенцијата на Министерството за образование и на Владата, успеавме да воспоставиме контакти со компанијата по што активностите во студентскиот дом почнаа повторно да се одвиваат норамално“, изјави министерката Дескоска.