(ВИДЕО) Груевски цел плукнат на Хорхе, на незгодните прашања одговара со „не“ и со „имам исто мислење како во 2009“

0
497

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се воздржа од коментари за актуелните случувања во државата. Не даде прецизни одговори за поставувањето на крстот во Бутел, иницијативата на уставниот суд за законот за помилување и за регулацијата на медиумите, пренесува Телма.

За разлика од овие теми, тој детално одговараше на прашањата за владините проекти.

Изјавата ја даде по промоцијата на новите наслови во читалната „1000 книги“.

Еве како течеше разговорот за помилувањето.

– Кој е вашиот став за помилувањата?

– Јас имам исто мислење како што имав во 2009 година.

– А, тоа е?!

– Тоа е дека…… тоа е тоа, што практично го имав тогаш во 2009 година. Тоа што го имав во 2009 година.

– Дали може да го повторите?

– Ќе може да го најдете во вашите архиви.

Видеото ОВДЕ