(ВИДЕО) : Граѓаните ги извадија од памет Боркица и Грујо, со тенџериња лупаа и порачаа: Оставка Груевски!!!

0
559

ten

Пред Владата во 18 часот почна протестниот марш „Ука, бука, оди си Никола!“ во организација на коалицијата „Граѓаните за Македонија“.

prez-zgrada-540x323

Граѓаните денеска уште еднаш, масовно и гласно од Владата сеупатија кон живеалиштето на Никола Груевски и ќе му порачаа: Оди си! Денеска се собраа околу 3.000 граѓани. Извикуваат „Слобода“, „Нема правда, нема мир“, „Убијци“…

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ECQzco9wUgY[/youtube]

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=TPL_Hz0wWDg[/youtube]

„Граѓаните знаат дека Никола Груевски наместо демократска и правна држава, од Македонија направи партиски вилает. Наместо независно судство ни наметна партиска (не)правда. Наместо независни институции создаде партиски инструменти. Наместо независни медиуми направи партиски мегафони. Наместо социјална правда, на граѓаните им наметна партиска (не)милост. Наместо „граѓанска“ полиција создаде партиска, наместо слободен пазар функционираат само партиски тендери, наместо квалитетно образование и култура имаме само партиска индоктринација, а наместо слободни избори имаме партиски фалсификат“, беше наведено во соопштението на коалицијата.