(ВИДЕО) Горан Милевски на ЛДП му подари маица со ,,СЈО” на аболицираниот режимски тастер Селјановски

0
723

Пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милевски, на вчерашната собраниска седница му подари на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, маица со знакот на Специјалното јавно обвинителство.

– Не навредивте и ни кажавте дека не сме ги менувале маиците на Шарената револуција па сме се засмрделе. Јас денеска ви купив маичка, но не со боите на Шарената револуција бидејќи вие тоа не го заслужувате, туку со знакот на Специјалното јавно обвинителство. Вие сте еден од аболицираните политичари, обвинет за криминал па ќе ви ја подарам и би било добро кога ќе одите на распит во Обвинителството да ја облечете. Има разлика меѓу чесните и аболицираните политичари, чесните дома си ги перат своите маици, а аболицираните кажуваат дека секој ден ги менуваат костимите. Чесните политичари се капат дома со средства за хигиена што сами си и купаат, а аболицираните се капат во Собранието со хигиенски средства што се купуваат од парите на граѓаните –  рече Милевски.

На ова Вељаноски само кратко врати:

– Во корпава има многу работи, па и оваа ќе ја ставам таму.