(ВИДЕО) ГОРАН МИЛЕВСКИ ЗА НАПАДОТ: Бев нападнат кукавички од зад грб, очекувам напаѓачот брзо да биде фатен!

0
852

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски, вели за „А1он“ и „Макфакс“ дека вчерашниот инцидент е срамен чин и неуспешен обид да се попречи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тој тврди дека иако дојде до елиминација на некој функционер или пратеник, Македонија ќе остане на зацртаниот пат и дека политиката која тие како владејачко мнозинство ја водат нема да биде спречена.

-И да нè елиминираат ова е политика што ќе ја спроведе некој друг. Нашата интенција е Македонија да влезе во НАТО и ЕУ и вакви испади нема да нè поколебаат тоа да го реализираме. Стратешките цели на Македонија се многу поважни од индивидуалните дејанија на лицата, вели Милевски.