(ВИДЕО) Голубовска: Ме шутиравте и мене, дете на ваш колега, но ќе влеземе во зградата што ја чувате

0
791

Како дел од ова што го нарекуваме жртви на Тодоров говорам за мојот татко, како полициски службеник кој 35 години од животот дал за службата. Неговите здравствени проблеми се должат во голема мерка на недостаток на нега во болницата на Водњанска, зградата на смртта. Јас како сороспија и како што не нарекуваат предавници соросоиди денеска ќе барам помош од моите сограѓани кои се на улица, бидејќи од друго место помош нема, истакна пред демонстрантите активистката Јасмина Голубовска.

– Ќе барам помош само од моите сограѓани, соборци, кои се денеска на улица, затоа што на друго место немам помош. Немам помош од никого и нема да ја добијам, особено не од големите патриоти седнати во нивните кожни фотелји, кои ја цицаат крвта на овој народ во буквална смисла и го носат во пропаст, во бездна и во таканаречениот ендек на Протуѓер… сите заедно надолу. И затоа ќе ви се обратам на вас, господа полициски службеници. За да знаете дека секоја нивна пропаганда врзана за нас овде, на улица, и вас како бранители нивни, е погрешна. Јас доаѓам од семејство во кој човек до мене 35 години го дал животот во служба. Бил и командир на Блаце, бил и 2001, бил и ЈНА 89-92 на Косово и кај не бил. И знаете што? Многу им е гајле денеска што бил. Е така да ви кажам.

– Три месеци се соочува со здравствени проблеми, има ампутирана нога, а лежи во нечист кревет, со бубашваби. Цела недела му оставале храна покрај ампутираната нога. Сега е во приватна болница, во која паќам 11 илјади евра за лекување. 6 илјади исплатив, другите немам да ги платам. Би сакала овие лица да ги снема од нивните фотељи и татко ми да добие нега каква што заслужува, истакна Голубовска.

– Јас денеска ќе зборувам и за мојот татко, кој целиот свој живот работел во полиција. Го однесовме во болницата на Водњанска, во зградите на смртта. После операцијата, докторите ми рекоа да го земам дома, што значеше дека ќе умре. Го однесовме во приватна клиника, каде сега го лечат и од она што не бил болен, од она што го фатил во болница, рече Голубовска.

Видео : А1он