(ВИДЕО) Героски: Дарко беше револуционер многу подолго од нас

0
1409

Дарко би кажал утре ќе биде подобро, се наѕира крајот. Ќе биде подобро. Пред околу два месеца, кога се видов со Дарко за последен пат, тој ми рече дека му било жал што нема да може да ја дочека слободата, се разбира, човекот беше свесен за исходот на оваа негова последна битка, рече пред демонстрантите Бранко Героски, пренесе А1он.

– Но, јас мислам дека тоа е таа разлика меѓу луѓето, разликата меѓу вистинските големи луѓе, интелектуалци што се чувствува на прв поглед. Човекот зрачеше од енергија која инспирира, би сакал да ја почувствувате таа енергија. Авторот на пецко, неговиот родител, беше револуционер многу подолго време од било кој од нас, рече Героски.