(ВИДЕО) Георгиевски : Доколку ВМРОВЦИТЕ го одблокираат носењето на буџетот во 2020-та година во Сингелиќ ќе никне убав голем плоштад

0
362

Просторот пред реконструираната месната канцеларија во Синѓелиќ го претвораме во убав плоштад, давајќи една целина на просторот.

За овој проект во буџетот за 2020 година обезбедивме 2.700.000 денари, средства на општината. Проектот го работиме со поддршка на Владата, за што обезбедивме и дополнителни финансиски средства преку Центарот за развој на скопскиот плански регион во висина од 2.700.000 денари.

Голема е поддршката која од граѓаните ја добивам за реализација на овие проекти, планирани во буџетот за 2020 година. Убеден сум дека во тоа ќе успееме и дека општина Гази Баба во брз рок ќе го донесе буџетот за 2020 година.