(ВИДЕО) Георгиевски: Власта не уништи оти не сакавме да се зачлениме во ВМРО-ДПМНЕ и фирмата да работи за партијата

0
1745

Во местото Лознани, пред Битола се гледаат силосите на фирмата „Агросеме“, фирма специјализирана за производство на семенски материјал, поточно семенска пченица со традиција од 1991 година кога за прв пат сопствениците Игор и неговиот татко Илија започнуваат со семепроизводство. Амбициите и плановите на сопствениците на  „Агросеме“  биле да направат сопствени квалитетни сорти за  македонскиот пазар  и од увозници да станеме извозници на семе.

agroseme14-610x343 agroseme9-610x343

-Во 2002 година се  запознав со  Академик Бенчиќ, еден од врвните професори во Србија, со негова помош и со членство во асоцијацијата меѓународна за семиња, кој се наоѓа во Мексико. Со нивна помош ние направивме нови сорти на семиња кои беа признаени во 2007 година и се наоѓаат на македонската сортна листа. Но за жал како што знаете тогаш почнуваат проблемите на фирмата, на сцена настапува политиката. Фактички, ние не сме со политиката затоа што ние сме со науката. Имавме доста опструкции спрема нас, и како што гледате до ден денес таа реализација остана само на хартија – вели Ѓоргиевски и додава дека актуелната власт ги уништила поради тоа што не сакале да се зачленат во ВМРО ДПМНЕ и фирмата да работи за партијата.

agroseme6-610x343 agroseme11-610x343 agroseme7-610x343

-Раководителот на подрачната единица на МЗШВ Прилеп јасно и гласно ми кажа дури е тој таму раководител ние не можеме да земеме државна земјоделска земја. Не ја ставаше во владение земјата од 300 хектари која фактички ја имаме добиено на оглас. Ми рече буквално, треба да ја работите половина земја за партијата. Ние на тоа не се согласивме и не уништија- вели Георгиевски.

Извор: Бриф