Генералот Стојанче Ангелов, заедно со група граѓани, вечерва повторно ја повика Македонската телевизија да ја информира јавноста за скандалите поврзани со високи функционери во актуелната власт, пренесе Бриф.
– Дојдов вечерва да ја известам информативната програма дека Никола Груевски има украдено 25 милиони евра само од еден тендер за патишта – му рече Ангелов на човекот од обезбедувањето на МТВ, кој и овој пат немаше „врска“ со уредниците на вестите на јавниот сервис.
Истовремено, Ангелов најави голем протест за утре во 12 часот пред зградата на МТВ.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=NlTw5dnt4yo[/youtube]