(ВИДЕО) Вуиќ: Улични методи на судот за Заев и Бошкоски, ова нема врска со правото!

0
437

Околу шпекулациите за спогодби во случајот „Пуч“, при што беа посочени притворените лица во затворот Скопје, адвокатот Мирослав Вуиќ вели дека станува збор за груби дезинформации.

vuic cc

– Ниту еден од обвинетите во предметот „Пуч“ не размислува за било каква спогодба. Спогодбата беше искористена во почетокот, во фаза на преткривична постапка – изјави за Бриф адвокатот Вуиќ.

Признанието на еден од обвинетите, со спогодба во предметот „Пуч“ и согласноста да се изрече три годишна затворска казна, целиот овој случај го доведува во смешна состојба, анлизира Вуиќ.

– Ако имате предмет кој бомбастично е именуван и кој што е против највисоките државни органи, а при тоа му давате на едно лице кое што е исто така обвинето од тој предмет само три годишна казна затвор, би требало да се смета како награда за соработка. Ако мислат судските органи дека оваа спогодба, за која е прашање што е понудено и што е добиено за возврат, ќе ја користат во овој предмет, мислам дека многу се залажуваат бидејќи е тоа лично признание на еден од обвинетите заради свој бенефит. Ова признание не може да се доведува во корелација со другите обвинети – рече Вуиќ.

Обвинителство користи улични методи во случаите на Зоран Заев и Љубе Бошкоски, констатира Вуиќ.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=N0R60V3j2-4[/youtube]

– Против двајцата се покренати наизменично две постапки. Дали е тоа обид од страна на обвинителството да биде сигурно дека еден од тие два предмети ќе успее, или ќе биде вратен, па во меѓувреме да не се сменат некои околности во мерката притвор, но сепак обидот е пресликан, веќе се гледа. Со овие улични методи, бидејќи ова нема врска со правото, се обидуваат да го искористат законот за кривична постапка за да држат некого во затвор и да се изживуваат со него, не дозволувајќи еден предмет да заврши и да си го добие нормалниот тек. Со додавањето на уште еден случај тие мислат дека ќе бидат сигурни дека обвинетиот ќе им биде „в раце“ – вели адвокатот Мирослав Вуиќ.

– Мораме да ги лоцираме проблемите во судството и да се погледнеме во очи, затоа што ова е многу далеку отидено – рече Вуиќ.

извор: Бриф