(ВИДЕО) ВО БИРТИИТЕ ВО ЃОРЧЕ ГО ВИКАЛЕ СТРАШО СТРАТЕГО – ОВА Е КОАЛИЦИСКИ ПАРТНЕР НА ВМРО ДПМНЕ: Македонија треба да остане неутрална надвор од ЕУ и НАТО за да бидеме како Швајцарија, да живееме од камати на штедни влогови на богаташи од цел свет!

0
489

Лидерот на МААК во интервју за ЛИДЕР кажува невидена ГЕОСТРАТЕГИЈА:

– Македонија треба да остане неутрална земја на балканот, надвор од ЕУ и НАТО и така како мост меѓу истокот и западот да бидеме банкарски рај како Швајцарија и да живееме од камати од штедни влогови на богаташи и од истокот и од западот кои ќе бегаат кај нас ако дојде до војна во светот!

ГЕНИЕ!!! Ние што сме на балканот кој е буре барут опколени од земји кои само чекаат да останеме надвор од НАТО, со војна од 2001-ва од која уште не може да се оправиме, да сме биле Швајцарија?!?! Ќе бидеме КУРДИСТАН, ете тоа ќе бидеме со вакви генијалци како Страшо, Курдите кои се 22 милиона пак се поделени меѓу Ирак, Турција и Сирија!!! Ете тоа ќе бидеме со вакви ГЕО СТРАТЕЗИ ако идеме по нивниот памет, каква црна Швајцарија, Курдистан ќе бидеме, нивната тажна судбина ќе ја доживееме да не газат кој од каде стигне како топовско месо како нив што ги газат!!!