(ВИДЕО) ВОЈНА МЕЃУ ДАНЕЛА И СТЕВЧО, ОТКАКО ЈАКИМОВСКИ УПАТИ КРИТИКИ КОН КОМУНАЛНА ХИГИЕНА, ТИЕ ЗАБРАНИЈА ОПШТИНСКИТЕ КОМУНАЛЦИ ДА ФРЛААТ ЃУБРЕ ВО КОНТЕЈНЕРИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

0
811

По мојата вчерашна објава дека ЈП Комунална хигиена Скопје ја одржува хигиената во Општина Карпош само со тројца работници, денеска раководството на јавното претпријатие наместо да ја подобри контролата и организацијата на работата на нивните работници, испрати четворица комунални инспектори кои и забранија на службата на општина Карпош за одржување на хигиена да го фрла сметот во нивните контејнери.

Повторно денеска од ЈП Комунална хигиена Скопје барам да почнат да си ја работат работата за која земаат народни пари.

– Наместо раководството на ЈП Комунална хигиена Скопје да си преземе мерки кон нивните вработени и да проверат дали и колку работат тие вчера ни пратија четири нивни комунални инспектори со цел да ги оневозможуваат нашите вработени кои ја одржуваат хигиената. Иако ние им помагаме нив, побараа сметот и хартијата што ја собираме да не ја фрламе во нивните контејнери.

Не може од 24 илјади домаќинства во општина Карпош кои што плаќаат на територија на општина Карпош и каде што е највисока наплатата од целиот град, да имаат вкупно тројца работници и четворица инспектори. Нашата работа никој не ја работи, но во исто време немам намера да ја работам нивната работа. Секој за што зема народни пари треба да си ја работи својата работа. И наместо да се засрамат и да ја подобрат организацијата и контролата на работата тие се служат со рамни работи.

Со ова јасно покажуваат како сакаат да практикуваат власт овде во општина Карпош, но морам да ги предупредам дека ќе наидат на сериозен отпор!