На улицата Филип Втори Македонски позади градската болница граѓаните се жалат дека утрово им биле исклучени лифтовите.
Намерата на ВМРО ДПМНЕ е повеќе од јасна, повторно да пробаат да ги спречат граѓаните да си го остварат своето демократско право на првиот локален референдум во Македонија. Оваа тактика која веќе е позната, ВМРО повторно ја спроведува на дело иако истата ниту во 2013 на локалните избори ниту на парламентарните и претседателски избори 2014 година не им успеа. Како што можевме да слушнеме и од снимките кои ги објавува СДСМ преку проектот вистината за Македонија јасно е кој е мозокот на ваквата операција. Само за потсетување, во една од снимките јасно се слушаа инструкциите на министерот Миле Јанакиевски кој даваше наредба лифтовите во Капиштец да бидат заглавени со цел граѓаните да не можат да излезат на гласање. Во прилог видео од заглавените лифтови во зградите позади градската болница
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=bhMe0yqyhbI[/youtube]