(ВИДЕО) ВЛОЖЕНИ 1 МИЛИОН ЕВРА ВО РЕНОВИРАЊЕ НА ХИРУРШКИТЕ САЛИ НА КЛИНИЧКИ – ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ И Д-Р ЈАКУПИ : РЕНОВИРАНИТЕ ХИРУРШКИ САЛИ И НАЈСОВРЕМЕНАТА ОПРЕМА ВО КЛИНИКАТА ЗА ТОРАКАЛНА ХИРУРГИЈА ЈА ПОТВРДУВААТ НАШАТА ЦВРСТА ОПРЕДЕЛБА ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЕФИКАСЕН ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ КОЈ ЌЕ ИМ БИДЕ СИЛНА ПОТПОРА НА ГРАЃАНИТЕ

0
177

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија д-р Неџати Јакупи денес направија увид во завршените реконструктивни работи на торакална хирургија.

Во реконструкцијата на одделот се вложени 60 милиони денари за комплетно реновирање на хируршките сали на оваа клиника, како и за набавка на најсовремена опрема.