(ВИДЕО) ВЛАДАТА ПОЧНУВА КАМПАЊА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ – ЗА ДА СЕ ВРАТИМЕ ВО НОРМАЛА, ЗА ДА ЈА ВРАТИМЕ СРЕЌАТА И ПРЕКИНЕМЕ ТАГАТА, МАКАТА И СМРТТА, ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ

0
176

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“.

Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како начин за лична и колективна здравствена заштита од КОВИД-19, да ја зголеми одговорноста и свесноста кај населението за важноста од вакцинирање, да ги разбие сите митови, невистини и дезинформации поврзани со вакцините и следствено на тоа да ги поттикне граѓаните да се вакцинираат, да се заштитат себеси и блиските и да дадат придонес кон колективното здравје и што побрза стабилизација на состојбата.