(ВИДЕО) ВЕЧЕРВА И УТРЕ ВЕЧЕР СО ПОЧЕТОК ОД 20 И 30 ЧАСОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОНЛАЈН ПРЕТСТАВАТА ,,03:14:07 – 7 ПОРАНО” ВО ИЗВЕДБА НА МЛАДА АКТЕРСКА ЕКИПА

0
222

Вечерва и утре вечер со почетен термин од 20 и 30 часот ќе се одржи онлајн претстава ,,03:14:07 – 7 порано” на млада актерска екипа во режија на младата актерка Аница Бебиќ која е и актер во самата претстава.

Приказната е за конфликтите меѓу три генерации во две различни времиња, која полека ги открива темите на религија, феминизам, пред сè за осаменоста која ја чувствуваме кога сме со оние кои што треба да ни се најблиски.

Претставата е работена по мотиви на „Мајка и дете“ од Јон Фосе. Актерската екипа ја сочинуваат Захарија Ангелеска, Филип Трајаноски и Аница Бебиќ. Композитор е Оливер Јосифовски, кореограф на ериал слинг техника на платно е Маја Крстеска. Во поширокиот тим се Бранко Блажевски, Дарко Димитриески, Илија Жоговски, Тома Димовски и Марија Стојанова.

ПРЕТСТАВАТА ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА СЛЕДИТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ОВДЕ 👇