(ВИДЕО) Венко Филипче го израдува младиот Јане Велковски кој конечно го доби лекот „Спинраза”

0
606

Лекот спинраза конечно ќе го добие со овој лек тој ќе има подобар живот состојбата со здравјето ќе се подобри, а најголема надеж е дека Јане ќе има можност да оди.

Неговиот сон е фудбалот, верува дека еден ден ќе застане на фудбалскиот терен,  а сонот на неговите родители нивното дете да има поквалитетен живот.

Освен Јане овој лек ќе го добијат уште седум деца. Министерот Филипче вели дека лекот е од новата генерација на лекови  за спинална мускулна дистрофија и ќе го добијат луѓето со оваа состојба.

Јане ова лето ќе наполни 11 години, период за кој како што вели ја научил суровоста на животот, но и животната лекција дека упорноста и волјата може да бидат виза за подобра иднина.