(ВИДЕО) ВЕЛКОВСКИ : Ребаланост обезбедува повисоки плати, поддршка за стопанството и економски раст

0
500

Пратеникот од СДСМ и владечкото мнозинство, Диме Велковски, денеска во своето излагање на Комисијата за финансирање и буџет ги истакна суштинските и реални бенефити за граѓанитe кои ги носи ребалансот на Буџетот за 2019 година.

–  Овој ребаланс има суштинска вредност бидејќи предвидува низа придобивки за граѓаните. Капиталните инвестиции се плански и важно е што суштински се гради, што таа инвестција ќе придонесе и како ќе влијае на економијата, вработеноста и граѓаните.

Се градат и реконструираат патни правци кои 11 години беа во немилост на претходната власт, беа само започнати и оставени до пола – рече Велковски

Велковски се осврна ефектите од економските реформи на Владата предводени од СДСМ преку кои растат минималната и просечната плата.

– Денес минималната плата е 12.507 денари и еднаква во сите стопански гранки.Просечната нето плата порасна за 3.5 отсто. Покрај грижата за граѓаните, продолжува и грижата за стопанството, а доказ за тоа е субвенционирањето на придонеси за компаниите кои ќе ги покачат платите до 6000 денари. Со ребалансот на Буџетот за 2019 година се обезбедува реална шанса платите да продолжат да растат до крајот на годината – потенцираше Велковски

Велковски заклучи дека ребаланост овозможува продолжување на економскиот раст. Сите релевантни економски институции потврдуваат дека имаме раст на БДП од 3 отсто во првите два квартала со проекција дека до крајот на годината растот на БДП ќе изнесува 3.5 проценти.