(ВИДЕО) Велковска: Власта молчи – “Веибо” дели откази на бремени жени и работнички на боледување

0
1033

Прес конференција, СДСМ Крива Паланка
Даниела Велковска, координатор на Форумот на жени на ОО СДСМ Крива Паланка
06.07.2016 г

Почитувани,

Компанијата „Веибо груп“, која што неодамна реагираше дека во Македонија нема доволно работна сила за да може да ја реализира инвeстицијата вредна 10 милиони евра во технолошко-развојната зона во општина Ранковце, деновиве отпушта работници.

Само за потсетување, вкупната инвестиција требаше да изнесува 400 милиони долари, а бројот на нови вработени места да биде 5.000.

Отказни решенија добија 135 работнички, а се најавуваат дополнителни 160 отпуштања во месец август.

Трагедијата да биде поголема меѓу отпуштените работнички има десет бремени жени и неколку работнички на кои што им се потребни само неколку дена стаж за добивање на пензија или за оствраување на правото под завод.

Има и такви коишто беа отпуштени за време на нивното боледување, но одговорност за ваквиот однос и кршење на работничките права, нема.

Дали работодавецот направи консултации со претпоставените на работничките најмалку еден месец пред почетокот на колективното отпуштање?

Дали работодавецот писмено ја извести Агенцијата за вработување заради помош и услуги од посредување при вработување?

Работничките кои останаа на улица се во неизвесност и со право реагираат.

Бараме надлежните институции веднаш да превземат законски мерки и да ја информираат јавноста.

Груевски да не ги лаже работничките и да си игра со нивната судбина.

Тие очекуваат одговорност и одговори.

Додека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не претставуваат како земја со најголем економски раст во Европа, бројот на луѓе кои остануваат на улица постојано расте.

Македонија е земја со најголем број на неуспешни слободни индустриски зони по глава на жител.

Затоа на Македонија и се потребни демократски промени. На расипничкото и недомаќинско работење му доаѓа крајот. Секој што го прекршил законот ќе одговара.