Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Велески: Број 4 за живот на сите во Прилеп и Македонија

Сашо Велески – Претседател на О.О. СДСМ Прилеп

Почитувани граѓани на слободарски Прилеп,

Дојде време да ја направиме клучната одлука. Каква Македонија сакаме? Македонија во рацете на криминалци, или на оние кои бараат слобода и правда.

Македонија со криминални институции во служба на криминалната фамилијата, или Македонија во рацете на граѓаните. Македонија со понижени човечиња, или со гордо исправени граѓани! Денес, сите ние, целиот демократски народ на Македонија, цврсто стоиме пред предизвикот да изградиме економски напредна држава, со силни домашни претпријатија, со модерни патишта.

Држава во којашто ќе се отвораат нови работни места, и повисоки плати за сите граѓани. Држава со достоинствен живот за земјоделецот, за тутунарот. Држава во која ќе има независно и праведно судство.

Во која сите ќе бидат еднакви, сигурни, безбедни и пред се’ слободни! Ајде да ја направиме Македонија дом за сите, бидејќи секој е важен! Ајде да го оствариме ова.

Ајде да ги задржиме младите да останат дома. Тука да работат, тука да формираат семејства, во Прилеп, во Македонија. Да бидат свои на своето огниште! Да го запреме иселувањето. Да ставиме крај на режимот. Да ја вратиме слободата! Во недела, излезете масовно, револуционерно, како што им личи на прилепчани.

Гласајте слободно и по Ваша волја. Според вашата совест.

Секој што ќе се обиде да Ве присили, да ве уцени, или да ве поткупи да гласате поинаку, ќе одговара пред законот.

Бидете сигурни, никому ништо не должите. Никој не може да знае за кого сте гласале.

Во недела, изборот е Груевски, или Македонија.

Во недела гласајте за бројот 4.

Гласајте за живот на сите во Македонија!

ОВАА НЕДЕЛА

ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОГО НА СОБРАНИЕТО

Објавен е  Јавен конкурс за изработка на заштитен знак...

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ: 2252 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ ВО ПРАЗНИЧНИОТ ВИКЕНД, 1018 ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ

Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните...

МАНАСИЕВСКИ: ВЛАДАТА НА СДС ТВРДЕШЕ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВИ БЛОКАДИ КОН ЕУ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА, СЕГА СЕ ДЕМАНТИРАНИ И ОД ЕУ

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Димитар...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ