(ВИДЕО) Васев : Тешко лицемерие, ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за здравјето, а организира протести

0
156

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани,

Целата јавност денеска сведочи на уште едно лицемерно, деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата предводена од губитникот Христијан Мицкоски која глуми загриженост за здравјето на граѓаните, денеска продолжи со деструктивноста одржувајќи протест пред Министерството за здравство.

Ден пред да пристигнат над 20.000 дози вакцини, ВМРО-ДПМНЕ партијата позната по прекршување на мерките за заштита од ковид 19, организира масовни собири.

Истата таа ВМРО-ДПМНЕ која е против пописот, наводно загрижена за здравјето на граѓаните, денеска организира јавни собири.

За ВМРО-ДПМНЕ пописот не е безбеден за здравјето на граѓаните, ама нивните лицемерни протести биле безбедни.

Се покажа уште еднаш дека од почетокот на пандемијата, па се до денеска ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните и здравствениот систем.

На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им е грижа ниту за јавното здравје, ниту за здравствениот систем, ним им се важни само личните и партиските интереси.

Последен доказ за тоа е денешниот нивен лицемерен протест пред Министерството за здравство.

Граѓаните, целата јавност одамна ја препознаа деструктивноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа шест пати ги казнуваат на избори и токму затоа повторно ќе ги казнат на изборите наесен.