(ВИДЕО) ВАСЕВ : СО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ВО ОВИЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА БЕЛЕЖИ ИСТОРИСКИ УСПЕСИ

0
214

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Со СДСМ и премиерот Зоран Заев во овие четири години државата бележи историски успес.

Од држава која беше заробена во режим и изолација, денес сме држава членка на НАТО, економски напредна, која забрзано чекори на интегративниот пат кон ЕУ.

Ги вративме слободата и демократијата, спроведовме сериозни реформи во правосудството кои денес обезбедуваат силен, независен и ефикасен правосуден систем кој испорачува првда.

Парите наместо во белиот дворец, споменици и палми сега завршуваат кај граѓаните.

Минималната плата порасна од 9.500 на 14.500 денари, просечната достигна до над 28.000 денари, платите во сите сектори постојано растат, растат и пензиите а истовремено обезбедивме државна социјална пензија а ја исправивме неправдата и кон стечајните работници.

Сериозно се зголемени субвенциите, воведена е „зелена нафта“ а за првпат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните преку успешниот проект „Мој ДДВ“.

Заеднички успеси кои ги постигнавме заедно со граѓаните.

Но, ајде да видиме што за речиси истиот период постигна Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, со оваа партија се уште управува Груевски, а Мицкоски е само негов потврчко и извршител.

4 години Мицкоски го брани криминалот на режимот и насилниците од 27 април.

4 години Мицкоски кочи се што е во интерес на граѓаните и државата, мерките за помош, минимлната плата, покачувањето на пензиите, изградбата на нов Клнички центар.

Тоа граѓаните го препознаа и затоа таквото однесување на Мицкоски за 4 години доживеа 6 изборни порази од граѓаните

Тоа е разликата во овие четири години помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.