(ВИДЕО) Васев : Мицкоски, Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ навиваат државата да не добие датум за преговори, работат против ЕУ и НАТО

0
890

Иајава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нудат само обнова на криминаланиот режим и богатење на неколкумина во белиот дворец.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои работат против нашата интеграција во НАТО и ЕУ.

Последна потврда за тоа е изјавата на Владимир Ѓорчев, дека Северна Македонија не заслужува да добие датум за преговори.

Прашуваме, дали Влатко Ѓорчев навистина мисли дека земјава не заслужува датум? Дали свесно работи и навива државата да не започне преговори со ЕУ?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се спремни да и штетат на земјата само за политики поени, но не се свесни дека со тоа губат.

Граѓаните се против нивното антидржавно, неодговорно и деструктивно однесување.

Тоа се докажа и во Кратово со слабата посетеност на предвидената трибина на ВМРО-ДПМНЕ на која освен локалниот партискиот врв на опозицијата не се појавија граѓани.

Политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени од граѓаните, кои не дозволуваат одбрана на криминалниот режим.

Граѓаните на нашата државата тргнаа по патот на интеграциите и напредокот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат осамени во деструктивното однесување и одбрана на криминалот.