(ВИДЕО) ВАСЕВ : МИЦКОВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ НЕ МОЖАТ ДА ПОНУДАТ НИШТО НОВО, ТИЕ СЕ СЕУШТЕ СЕ ВО РЕЖИМСКАТА МАТРИЦА

0
156

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани,

Бадијала ВМРО-ДПМНЕ копира и краде слогани од СДСМ, бадијала се премачкува со сите можни бои, суштината останува иста, тоа е партија која работи на штета на интересите на граѓаните и државата, партија која брани криминал.

Дури и наводната нова стратегија им е лажна, полна со лажни ветувања со рециклирани лаги и невистини.

Христијан Мицкоски не може да понуди ништо ново, затоа што не може да излезе од режимската матрица во која е заглавен со години.

Единственото нешто за што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се ширење лажни вести, блокирање и дејствување на штета на државните и националните интереси.

Токму поради таквиот неискрен, нечесен и неодговорен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, тие редовно ги казнуваат на избори.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција и ниедно пребојување нема да им помогне.