(ВИДЕО) Васев : Една недела молк од Мицкоски за скандалот ,,Кражба” негова единствена агенда е да ги одбрани криминалците во својата партија

0
235

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Изминува речиси една недела откако во јавноста проби скандалот „кражба“ каде со документи е потврдено дека Антонијо Милошоски бил осуден од суд во Германија.

Една недела скандал „кражба“ една недела молк од Христијан Мицкоски, шефот на Милошоски.

Милошоски нема образ да излезе пред граѓаните, а Мицкоски го штити, наместо да повика на морална одговорност.

Тоа е Мицкоски, поддржува пратеник кој бил осуден за кривични дела во Германија, за “кражба” и “фалсификување.

Поддржува ВМРО ДПМНЕ на Мицкоски човек против кого се водат предмети пред македонските судови.

Нема ниту “д” од доблест кај Мицкоски.

Павда и правичност за Мицкоски се непознати.

Од белиот дворец, од симболот на корупцијата и расипништвото, Мицкоски е се уште цврсто застанат на браникот на криминалот.

Неговата агедна е да ги одбрани криминалците во своите редови по секоја цена.

Затоа, Мицкоски шест пати е поразуван од граѓаните, затоа никој нема доверба во него.