(ВИДЕО) БРУКА ЗА БРАТСКА БУГАРИЈА – КАКО МОЖЕ ДА ИМААТ ВАКОВ ШАРЛАТАН ЗА МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА – Каракачанов: Ќе испратам полк во Скопје да ги отстрани спомениците?!?!

0
736

Министерот за одбрана, Красимир Каракачанов во интевјуто за „Дарик радио“, го повтори ставот дека Македонија мора да се придржува до договорот што го потпиша пред три години, како и дека не треба да се потпише нов договор.

– Во Скопје, тие се обидуваат да се вратат 1.000 години наназад за да и дадат легитимитет на теоријата за Коминтерна и по 1944 година за Титова Југославија – рече Каракачанов.

– Договорот јасно кажува дека фалсификатите во врска со историјата мора да се расчистат – рече тој.

– Буквално вчера тие одбија да работат во заедничката комисија. Тие го слават националниот празник на 11 октомври против таканаречениот „бугарски окупатор – рече Каракачанов во интервјуто.

– Доколку е потребно, ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици, кои не одговараат на историските факти – рече Каракачанов.

Тој вели историјата да остане сама до 1944 година. Ова грозоморно фалсификување во учебниците по историја мора да престане, потенцира министерот, како и дека историјата на Македонија до 1944 година е бугарска историја, ова е позицијата на нашата земја.