(ВИДЕО) БРАНКО ЦРВЕНКОВСКА СО ПОДДРШКА НА ВЛАДАТА ДА ИЗДРЖИ ВО БИТКАТА: БУГАРИЈА САКА СО СИЛАТА НА ВЕТОТО ДА ГО ОСТВАРИ ОНА ШТО НЕ УСПЕА СО СИЛАТА НА ОРУЖЈЕТО ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

0
892

Бранко Црвенковски по долго време апстинирање од политиката се појави на некаков политички форум во Србија каде проговори за провокацијата на Бугарија кон Северна Македонија во врска со барањата кои се надвор од договорот од Преспа и надвор од секој можен политички аспект или поточно барања кои треба да задоволат само суета на бугарската влада.

Тој на форумот се огласи на српски јазик но потоа проговори и на македонски јазик при што потенцираше дека јазикот на кој говори е јазик кој го говореле сите негови предци и дека вештачка нација е невозможно да се направи како што тоа го тврди Бугарија, дека Северна Македонија е вештачка нација измислена од коминтерната со измислен јазик кој го наметнал Тито.