(ВИДЕО) БРАВО СДСМ – Огненовска : Се грижиме за младите, обезбедуваме 2.400 денари месечно за субвенциониран студентски оброк

0
1412

Изјава за медиуми, Блажена Огненовска од СДММ

Младите се иднината на државата и затоа потребно е постојано да се вложува во нив.

СДСМ како одговорна партија како и досега продолжува со мерките кои значат подобри услови, повисок стандард односно подобар живот за сите млади во нашата земја.

Во таа насока е и новото законско решение за субвенциониран оброк за сите редовни студенти кои се на додипломски студии на државните но и на приватните универзитети во нашата држава.

Субвенционираниот износ изнесува 2.400 денари месечно или 120 ден. дневно и ќе биде на товар на државниот буџет, а ќе се исплаќа на давателите на услуги кои што услужиле студент. Давателите на субвенциониран студентски оброк, пак, ќе ги избира МОН преку спроведување на јавен повик, по што ќе следува потпишување на договор.

Користењето на субвенцијата ќе се одвива на два начина:  со користење на картица која МОН ќе треба да ја отпечати или по пат на мобилна апликација.

При тоа, во законот е предвидено дека под субвенциониран студентски оброк се подразбира храна која е приготвена односно здрав оброк и во неа не спаѓаат: газирани пијалоци и брзата храна.

Студентите ќе можат правото на услугата  субвенциониран оброк да ја користат од понеделник до петок во период од 08:00 до 20:00 часот и истата не може да се остварува во периодот од 1 јули до  14 септемврикако и за време на викенди и државни празници.

Почитувани,

Законот за субвенциониран студентски оброк се носи за прв пат во Република Северна Македонија, а има за цел да го подобри стандардот на студентите. Воедно претставува и  можност  нашите студенти да ги користат истите поволности кои ги користат и студентите во Европските земјиИстовременопретставува и мотивација студентите да се хранат здраво за значително пониска цена од онаа до сегасо што ќе се подигне студентскиот стандард и здравиот начин на живот.

Ова е уште една потврда за заложбите и вистинската грижа која ја посветува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за младите лица во нашата држава.