(ВИДЕО) БОЈКО БОРИСОВ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО ИЗЈАВА ДЕКА ОВА ШТО СЕ ПРАВЕЛО ВРЗ НЕГО Е ОДВРАТНО И ДЕКА ТОА ГО НЕМАЛО НИ ВО КОМУНИЗМОТ!

0
536

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов беше пуштен од притвор откако вчера беше приведен поради наводни уцени кои ги направил во период од 2014 до 2019 година.

Борисов беше пречекан на улица од неговите поддржувачи, по што даде кратка изјава за бугарските медиуми.

-Ова е одвратно, брутално, нè вратија во комунизмот. Синоќа вечеравме со децата, кога влегоа униформирани лица и ми ја претресоа куќата, кажа Борисов.