(ВИДЕО) Бошкоска : За прв пат после 40 години се гради нова градинка во Прилеп, и тоа со Општински средства

0
1653

Прес кононференција на Гордана Бошкоска – Член на Комисија за труд и социјална политика при ОО СДСМ Прилеп.

Почитувани,

Локалната власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски и СДСМ, покажува дека дури и во услови на здравствена и економска криза, обезбедувањето на подобри услови за грижа за најмладите е врвен приоритет.

На задоволство на граѓаните на Прилеп, по пауза од 40 години во населбата „Точила“ се гради нова детска градинка, што претставува исполнување на предизборното ветување на градоначалникот Јованоски.

Со изградба на градинката, која ќе се простира на површина од 5.030 метри квадратни и капацитет за згрижување на 252 деца, трајно се решава проблемот за згрижување на деца на територијата на општина Прилеп.

Градинката чиј рок на изградба изнесува 7 месеци, ќе биде според сите европски и светски стандарди за квалитетен ран детски развој и за неа Општина Прилеп издвои 133 милиони денари од сопствениот буџет.

Објектот ќе има приземје и кат, партерно ќе биде уреден и функционално поделен, со 10 простории за занимални и 3 за детски јасли. Градинката, која ќе биде една од најубавите во нашата држава, ќе има централно подно греење и ќе ги исполнува сите современи стандарди за енергетска ефикасност.

Иако станува збор за капитален објект од огромно значење за сите граѓани на нашиот град, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да ја поздрави неговата изградба. И не само тоа, туку ниту еден функционер од оваа партија, ниту пратениците ниту членовите на општинскиот Совет, не покажаа доблест да присуствуваат на официјалниот почеток на изградбата на градинката. Со тоа, на најдобар начин покажаа дека решавањето на проблемите на граѓаните на општина Прилеп, не е дел од нивната политичка агенда.

Во континуитет од 12 години, локалната власт беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. За 12 години, екс-градоначалникот Марјан Ристески и ДПМНЕ потрошија над 100 милиони евра, општината ја задолжија со кредити и ја оставија во долгови, без притоа да изградат ниту еден капитален проект.

За разлика од нив, СДСМ води грижа за парите од даночните обврзници, инвестирајќи ги во капитални проекти од интерес за градот и граѓаните на општина Прилеп.