Wednesday, November 6, 2024
6.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Бочварски : Започна процесот на ДЕГРУЈОВИЗАЦИЈА и професионализација на админстрацијата што ВМРО-ДПМНЕ и Грујче ја ПОЛТРОНИЗИРАА И ПАРТИЗИРАА

Bладата предводена од СДСМ започнува процес на професионализација на државната администрација pреку реформскиот План 3-6-9. Владата започна процес на темелни реформи во државната администрација, што ќе обезбедат професионални и ефикасни институции. По локалните избори во октомври, таквиот процес на професионализација на администрацијата ќе продолжи и на локално ниво, изјави денеска Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.

– Граѓаните и Република Македонија заслужуваат и ќе добијат државна администрација што ќе биде сервис на граѓаните и ќе ги следи нивните реални потреби. Никогаш повеќе нема да дозволиме некоја државна институција да функционира како нечиј партиски штаб како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги злоупотребуваше институциите и ја партизираше државата со што од Македонија направи заробена држава. За само неколку месеци, од октомври 2016, до 31 мај оваа година, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ангажирала над 7.700 лица во државната администрација, а од први јуни до денес, во општините кои во најголем дел се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, вработени се повеќе од 300 лица. Ова е само еден од низата докази за степенот на партизираност што зад себе го остави ВМРО-ДПМНЕ и доказ дека е потребно итно ослободување на институциите од партиските стеги – додаде тој.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ОСВОИ ПОБЕДА ВО ПЕНСИЛВАНИЈА И Е НА ЧЕКОР ДО НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ

Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп,...

СПОРТИНГ НА АМОРИМ ГО РАСТУРИ СИТИ НА ПЕП

Рубен Аморим со стил се прости од навивачите на...

СО ИСТУРЕНИ ФЕКАЛИИ ВРЗ ГРАДСКОТО СОБРАНИЕ ОДРЖАН МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО НОВИ САД

Демонстранти ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови...

АСТРОНАУТИТЕ НА НАСА НОСЕЈЌИ АМЕРИКАНСКИ ЧОРАПИ ГЛАСАА ОД ВСЕЛЕНАТА

Астронаутите Буч Вилмор, Сани Вилијамс и Дон Петит гласаа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ