(ВИДЕО) Борјан Јовановски открива дека КУРТОНИТЕ на Грујо почнале да ја посетуваат Бихачќа: Некои новинари колеги од провладините медиуми веќе одат во СДСМ да кажат како имале деца и како тоа што го прават е затоа што треба да се грижат за нив

0
739

borjan 11

Новинарот и главен уредник на „НоваТВ“, му порача на премиерот, Никола Груевски, дека поттикнува насилство кон слободоумните граѓани со изјавата дадена од говорницата во Охрид каде рече дека доставувањето на погребниот венец во домот на новинарот е исцениран настан, а критичките новинари ги нарече мизерни, пренесува А1он.

На денешната дебата на тема „Која е цената на слободата на изразувањето“, организирана од НВО Инфоцентар, Јовановски рече дека очекува да се засили насилството кон критичарите на власта и дека следно што би можело да се случи се физички ликвидации.

– Ни претстои кулминација. Мијатовиќ со право повикува на солидаризација меѓу новинарите бидејќи сега расте агресивноста кај новинарската јавност која е провладино ориентирана. Уште повулгарно ја изразува таа нервоза во која власта е западната. Тој израз ќе ескалира и затоа ќе продолжи овој тип на напади. Ова е само почеток, кризата е на самиот почеток – смета новинарот.

Тој им порача на своите колеги од провладините медиуми да се запрашаат што би се случило доколку и понатаму дозволуваат да продолжи трендот на ширење на говор на омраза против неистомислениците.

– Слушам дека некои новинари колеги од провладините медиуми веќе одат во СДСМ да кажат како имале деца и како тоа што го прават е затоа што треба да се грижат за нив. Сакам да им порачам дека и ние имаме деца и не ги најдовме на Водно, туку и ние треба да се грижиме за нив. Цената на молчењето и неспротивставувањето на овие обиди за замолчување се баш децата, она што се идни генераци. Ако ова дозволиме да стане систем, ако дозволиме да се еталблира како вредност во општеството, што им оставаме на нашите деца? – рече Јовановски.

Јасно е, вели тој, кој го поттикнува насилството врз кртичките новинари и активистите, но прашање е како да се одговори и дали да се применат истите методи. За медиумскиот простор во Македонија тој рече дека повеќе нема никакво новинарство, туку дека е целосно киднапиран од пропагандата на владејачката партија.

Целиот говор на Борјан Јовановски може да го погледнете ОВДЕ