(ВИДЕО) БОМБА СО РАЗОРНА МОЌ ОДЕКНА ОД МАЛА РЕЧИЦА – Зоран Заев: Одминати се голем дел од разликите, блиску сме до договор со ДУИ!

0
2082

Без да прецизира дали овие преговори на Заев се клучно светло на Ахмети, за да Заев стане мандатар, Заев изјави дека очекува што поскоро да се случи тоа и дека тие преговори се во таа насока. Оваа средба беше неочекувана и траеше два часа. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети сеуште е во седиштето на ДУИ и по преговорите во кои се надминати разликите, преговарачките тимови на двете партии ќе имаат состаноци и се очекува да се сретнат во најкус рок за да и написмено да се договорат.zaev

– Надминавме одредени разлики на лидерско ниво. Желбата и на ДУИ и на СДСМ е да добиеме уставни решенија во законот за употреба на јазиците. Тоа значи дека не треба да си дозволиме ништо надвор од Уставот за сето друго што уставно да падне во вода. На крајот дури ако останат одредени отворени прашања не завршува денот на преговорите сега. Можеме за шест месеци да оставиме тие да се истолкуваат, да отвориме јавна дебата која ќе дефинира дека нештото е уставно и може да се прифати, рече по средбата Заев.

Потенцира дека двете страни во преговорите се држат до Уставот. Додаде дека уште вечерва ќе ја свика работната група и ќе и ги пренесе сите детали од разговорот за да може, како што рече, да седнат и да изнаоѓаат решенија.

Во врска со другите прашања за кои се разговара, Заев истакна дека се што е поврзоно со нивната платформа, која, рече произлегува од „Планот за живот во Македонија“ и платформата на албанските партии се апсолвирани прашања и затворени на уставен начин и дилемите треба да бидат отстранети. Претходно денеска претставници на раководството на СДСМ имаа средба и со претставници на Алијансата на Албанците.

Извор: 24 Вести