(ВИДЕО) БОМБА ОД ШЕФОТ НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ, ЛОКВЕНЕЦ ОД СТУДИОТО НА ЧОМ : ОТВОРЕНИ СЕ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИСКИ ПОНУДИ ЗА ДВЕ ДЕЛНИЦИ ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА

0
1407

– Пругата од Куманово до границата со Бугарија е во должина од 89 километри и поделена е во три фази. Првата фаза е од Куманово до Бељаковце во должина од 31 км., од Бељаковце до Крива паланка со должина од 34 км. и најтешкиот, но и најкраткиот, во случајов (24 км) од Крива Палнака до границата. Во овој момент ние збориме за отворена тендерска постапка за првата и за втората фаза. Станува бор за претквалификациски дел од тендерот, со моќност за доставуање на понудите до вчера, 15 февруари. Сето ова беше преку платформата на Европската банка за обнова и развој. Понудите стигнаа, тимовите за имплементација на проектот кој е од македонски железници веќе работи во евалуацијата на апликациите и нашите очекувања се дека во најкус рок нештата ќе бидат завршени, вели Локвенец.