(ВИДЕО) БОМБА на Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку Панчевски се обидува го сруши изборниот процес, судот сака да ни ги даде уверенијата за неосудуваност четири дена по истекот на рокот

0
1553

ВМРО-ДПМНЕ преку Панчевски се обидува го сруши изборниот процес. ВМРО- ДПМНЕ и Никола Груевски се сериозно исплашени од историските листи на СДСМ. Немјаќи соодветен одговор на нашата понуда, тие преку нивниот послушник Владимир Панчевски го опструираат изборниот процес, рече на денешната пресконференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%b50811

– Согласно Изборниот законик, кандидатите за пратеници до Државната изборна комисија треба да поднесат Уверение од кривичната евиденција дека не се правосилно осудени на казна затвор од најмалку 6 месеци. Кандидатите од листите на СДСМ кои денес поднесоа барање за издавање на уверение за неосудуваност од Основниот суд Скопје 1 Скопје им е закажано подигнување на уверенијата на 15 ноември 2016-та година. Рокот за поднесување на кандидатските листи е до 11 ноември 2016 година. Ваквото однесување на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Владимир Панчевски, е класичен пример за злоупотреба на службената положба и води кон рушење на Изборниот прцес – рече Шилегов.

Искуството од претходните избори, додаде тој, покажува дека овие потврди се издаваат во истиот ден на поднесувањето, и тоа во рок од еден час.

– За овој проблем, денес од страна на СДСМ денес се известени Државната изборна комисија и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија! Исто така се обративме писмено и до претседателот до Основиони Суд Скопје 1 во Скопје. Никола ти порачуваме, фер, слободни и демократски избори мора да има и ќе има. Во тоа нема да ти помогнат ниту слепите послушници кои станаа дел од твоето злосторничко здружување – истакна Шилегов.