(ВИДЕО) БОМБА НА ТВ21 КОЈА ВНАТРЕШНО ЈА ДРМА ДИКТАТУРАТА : ФБИ ги истражува „бомбите“ – екипа од САД ја верификува автентичноста на материјалите

0
1838

Екипа на САД во Скопје работи на утврдување на автентичноста на прислушуваните материјали, дознава неофицијално ТВ 21. Според нашите извори, специјализирана екипа добила мандат од надлежните кои ги повикале за да го дадат нивното стручно мислење. Амбасадата на САД за ТВ 21 не ниту потврдуваат, ниту демантираат. Велат ФБИ соработува со надлежните органи во Македонија вклучувајќи го Специјалното Јавно Обвинителство.201305301_fbi_agents_large

“Разни американски истражни органи вклучувајќи го ФБИ имаат редовни контакти со меѓународните партнери за да се промовира и унапреди меѓународната соработка во областа на правото преку еден широк спектар на прашања„

Кривичниот суд донесе одлука со која „бомбите” на опозицијата нема да се користат како докази. Со одлуката на Кривичниот суд, прислушкуваните разговори се прогласени за неосновани докази во истрагата која треба да го докаже сомнежот за криминалите на високи функционери, кои произлегуваат од снимките.
Работата на експертите од ФБИ не се очекува да се објави во скоро време. ТВ21 од друг извор дозна дека случајот со „истрагата за автентичноста на прислушуваните разговори“ нема да се објави во јавност пред изборите поради „политичка коректност“. Покрај автентичноста, американската екипа ќе истражува и дали прислушуваните разговори сечени или монтирани.