(ВИДЕО) БОМБА НА СДСМ – МИЈАЛКОВ : ГРУЕВСКИ И МИЛОШОСКИ НУДЕЛЕ СЕРВИС ЗА ИЗВЛЕКУВАЊЕ МАФИЈАШИ СО АВИОНИ: СО ПОПИС НА МИЛОШОСКИ, УАПСЕНИОТ ДИПЛОМАТ БИЛ ПРАЌАН ВО РАЗЛИЧНИ ДРЖАВИ, КОЈА Е НЕГОВАТА УЛОГА ВО СКАНДАЛОТ?!

0
917

Изјава за медиуми на СДСМ, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани граѓани,

Се гледа дека криминалните структури на фамилијата се видно загрижени од скандалот со македонските дипломати, па сега очајно се обидуваат да фрлаат магла во очите на македонските граѓани.

Вистината е сосем поинаква од она што се обидува да го прикаже ВМРО-ДПМНЕ. Миле Миленковски, сега притворен во Србија по потерница од Ерменија, во 2009 година е испратен во Детроит, САД, со решение од Антонијо Милошоски. По четири месеци, повторно со ова решение од Милошоски е пратен во амбасадата во Вашингтон.

Во 2011 година исто така со решение на Милошоски е испратен во конзулат во Чикаго, останува до 2014 година, а по само една година, со решение на Никола Попоски е испратен во ОБСЕ во Виена.

Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината.

А вистината секогаш излегува на виделина, па така и оваа истрага ќе ги даде одговорите на клучните прашања.

Дали во време на ВМРО ДПМНЕ имало цела разработена криминална шема, раководено од Мијалков, во која вакви видови услуги се нуделе на црниот пазар?

Антонијо Милошоски, кој патем има судска пресуда во Германија, треба да одговори дали помагал во обезбедувањето приватни авиони за оваа криминална шема?

Дали тие пари завршувале во белиот дворец?

И дали токму Антонијо Милошоски во име на Сашо Мијалков и Груевски, до ден денес одржува блиски контакти со овие и слични структури?