(ВИДЕО) БОМБА НА ПОРТПАРОЛОТ НА СДСМ, КОСТАДИНОВ : Што мајка барал Мицковски во Белград и Будимпешта, помогнал ли со параван за бегство на Груевски во Унгарија?!

0
1007

Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 15.11.2018

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Антизападниот пион Христијан Мицкоски, мора да излезе пред јавноста и да одговори за сите отворени сомнежи за неговата улога во бегството на неговиот ментор, Никола Груевски.

Јавноста очекува одговори:

Која била целта на посетата на Христијан Мицкоски на Будимпешта и Белград во втората половина од октомври оваа година?

Дали тие посети имаат врска со подготовката за бегство на неговиот ментор, Никола Груевски?

Со кого се среќавал за време на посетите на Будимпешта и Белград и што договарал?

Дали заедно со Груевски бил нацртан планот за бегство?

Мицкоски пред граѓаните должи одговори за основаните сомнежи за неговите активности во изминатиот период кои што се сомнежи учеството во бегство на Никола Груевски.

Особено што Мицкоски јавно потврди дека имал средба со Никола Груевски на која според негово кажување се разговарало за „личните моменти“ и „иднината“ токму на Груевски.

Почитувани,

Сите надлежни институции, особено Основното јавно обвинителство мора да отворат истрага за бегството на Груевски, и сите вакви или слични информации да ги разгледаат и даги истражат.

Сите соучесници и помагатели на кукавичкото бегство мора да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.