(ВИДЕО) БОМБА НА КИТАНОВ ОД ТРИБИНАТА НА СДСМ ВО СТРУМИЦА : Кога ја презедов фунцкијата директор на патишта, вмровците немаа ни ливче а не пак проект за Струмица, денес не градиме споменици, туку патишта

0
2011
Кога ја преземав функцијата за Струмица немаше никаков проект, ниту ливче, започнавме со работа и сега многу работи се завршени, истакна директорот на агенцијата за јавни патишта Зоран Китанов, на граѓанската трибина „на Прав пат“ на СДСМ во Струмица
Меѓу завршените проекти во струмичкиот регион Китанов ги наброи патние правци Ново Село – Дабиле, Радовиш-Струмица,   Колешино – Мокрино,  Рич – Попчево, Добрејци – Василево, Градашорци-магистрален пат, влезови во Струмица, Штип-Радовиш, Ново Коњарево-Старо Коњарево.
Од 2007 до 2016 година петходната власт рехабилитираше 654 км патишта, а владата на СДСМ за година и три месеци изврши рехабилирација на  500 километри, истакна Китанов, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ  остави бандери на автопати и само 53% отсто од патот Миладиновци – Штип.
Не градиме споменици, туку осветлуваме патишта, рече Китанов.
Тој најави дека се проектира експресен пат од Смоквица до Струмица, експресен пат од Струмица до Ново Село, пат од Конче – Рич до Струмица, како и пат со 4 ленти меѓу Струмица и Дабиле.