Шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд во изјава во однос на политичката криза во земјава, вели Македонија назадува изминатава година а со цел членување во ЕУ и НАТО неопходни се исполнувања на неколку стандарди, јави Нова ТВ.
– За земја каква што е Македонија, чија траекторија се Европа и НАТО, јасни се стандардите кои сите очекуваме да бидат сериозно разгледани. Во сите земји-апликанти очекуваме постепено подобрување – вели Хамонд.
Според него, загрозен е евроатлантскиот пат на земјава доколку кризата продолжи да назадува.
– Во случајот со Македонија изминативе девет месеци или повеќе, гледавме назадување. Ние треба да бидеме јасни и искрени со Македонците дека ако продолжиме да ја гледаме истата ситуација, тие нема да напредуваат во соработката со ЕУ и НАТО. Мора да го променат ваквиот тренд и да се вратат на вистинскиот пат, инаку сите бенефиции од ЕУ и НАТО ќе ги загубат – предупреди британскиот министер.
Изјавата може да ја погледнете ОВДЕ