(ВИДЕО) Богоев: Фер шанса за секој млад човек за живот во Македонија

0
444

Денеска сме во Делчево, да ги слушнеме маките и проблемите на младите што се останати тука. Многу од нивните другари се веќе заминати во странство а и тие самите излезот го гледаат надвор од нашата држава бидејќи тука не можат да најдат работа, вели Стефан Богоев претседател на СДММ.

Ние сме решени да ги задржиме овде, во Македонија. Затоа испланиравме повеќе активни мерки.

Младите кои ќе имаат добра идеја за сопствен бизнис ќе добијат 10.000 евра неповратни пари – помош од државата.

Ќе дозволиме отворање фирма со само 1 евро основачки капитал.

Ќе отвориме и старт-ап центри во коишто државата ќе обезбеди бесплатен деловен простор за новите компании во првите две години, кога им е најпотребна. Ќе добијат бесплатно одржување, архива и сметководство за да можат да се фокусираат на градење на бизнисот.

Сево ова е можно да се оствари, само доколку парите се насочат кон вистинските приоритети. А наш приоритет е да ги задржиме младите овде, и да им овозможиме нормален живот и фер шанса за успех. Заедно ќе успееме во тоа.