Она што се случува вечерва е нешто што се случува во континуитет во изминатиот период, посебно откако се врати на министерското место Митко Чавков. Ова е доказ за сите нас, од опозицијата, но и за сите граѓани во Република Македонија, дека режимот на ВМРО-ДПМНЕ е дефинитивно во пад и дека е во голема паника, изјави вечерва пред полициската станица „Пролет“ Стефан Богоев, пратеник на СДСМ.
Тој посведочи и за апсењето на возачот на комбето на Шарената револуција:
– Јас се најдов на лице место таму. На возачот воопшто не му беше покажан никаков налог. Немаше никакво објаснување зошто е приведен, односно повикан на разговор во полиција. Прво го држеа буквално на улица, по што беше донесен тука, во полициска станица, заедно со автомобилот на Шарената револуција којшто се движи неколку недели напред, на секој протест. Сè уште немаме информација што се случува. Еве повеќе од два часа сме пред полициската станица. Граѓаните се собраа но немаме информација што се случува внатре.