(ВИДЕО) Богоев: Дајте дијагноза за Иванов!

0
1371

„Челници на вашата партија правеле криминал, правеле изборна измама, правеле се во насока Иванов да биде избран за претседател, за потоа преку него да бидат аболицирани и на раат да си ги трошат украдените пари, пари на граѓаните. Дајте ми дијагноза за ова!

Грчевито браните човек кој го сокрива и аболицира целиот криминал во РМ.

Криење на криминал е посериозно од самиот криминал. Го браните оној што ги брани и крие криминалците.
За кои избори мислите, за каков легитимитет зборите? За пиштење – вриштење избори? За овие ли избори зборите?“, рече пратеникот Стефан Богоев од СДСМ, во Собранието на РМ, по повод постапката за отповикување на претседателот на РМ.